Info Linija + 389 47 224155   9-20 h    info@aviokarti.com.mk  

 

 

 

 

 

Aries doo, 2008
Site prava zadrzani

 

 

 

 

 

Правилник за користење на Резервациониот систем на авиокарти (РСА)
 

Оператор на Резервационен Систем за Авиокарти во склопот на www.aviokarti.com.mk е фирмата Ариес доо, како туристичка агенција, лиценцирана со А категорија, лоцирана во Битола, на улица Далматинска 6, Македонија.
Доколку сакате да го користите резервациониот систем на www.aviokarti.com.mk, треба да ги прифатите условите наведени во правилникот. Прифаќајки ги условите во правилнико значи дека ги прифаќате сите услови кои правно ги регулирааат односите помеѓу Корисникот и Ариес доо.
1. Дефиниции – Називи
Резервациониот Систем за Авиокарти (РСА) – е програма која овозможува на Корисникот да пребарува авионски летови за сите светски дестинации, како и да ја прикажи нивната цена на чинење, како и можност да истите ги набави.
Корисник – е секое лице кое го користи РСА. Исто така, истиот може да биде наречен и клиент.
1. РСА е популаризиран од фирмата Ариес доо , лоцирана во Битола со матичен број 5346835 и Даночен број МК4002999139121и лиценца а за вршење на туристичка дејност издадена од Министерсто за економија на РМ.

2. Следниот документ (правилник) ги утврдува правата и обврските за користење на РСА.
3. Секој корисник кој сака да го користи РСА е обврзан да го прифати следниот правилник

2. Податоци за корисникот на РСА

1. Корисникот потврдува дека тој/таа има легална правна основа и ги презема сите правни обврски согласувајки се со наведените услови и ја превзема целата финансиска одговорност при употреба на резервациониот систем.
2. Корисникот потврдува дека резервациониот систем ќе го користи правилно, односно авионските карти ќе ги употребува само во согласност со законите
3. Забрането е да корисникот користи лажни податоци, како: туѓи имиња, лични податоци, како и кредитни картички

4.Ограничување на можностите


Ариес доо подвлекува дека користењето на резервациониот систем е исклучиво на одговорност на корисникот. Ариес доо воедно не гарантира дека при користењето на резервациониот систем може да се појават одредени грешки заради интернет конекциите или други надворешни услови.

4. Заштита на личните податоци
1. Ариес доо во потполност го почитува правото на приватност на личните податоци на клиентите и гарантира дека нивните лични податоци нема да бидат достапни на трети лица
2. При користењто на резервациониот систем на www.aviokarti.com.mk, од Корисникот ќе бидат побарани точни лични податоци, кои се потребни за потполни точно издавање на авионската карта. При секое пребарување или купување на авионска карта се потребни точни податоци за корисникот како името, презимето, полот, возраста (кај деца, младинци и постари лица) кој директно се испраќа до авиокомпаниите.
3. При вршење на резервациите и издавање на авиокартите Корисникот ги дава неговите лични податоци кои кај Ариес доо се чуваат во интерна база на податоци каде е можно да се врши анализа за потребите на клиентите и нивните барања.
4. Ариес доо ќе настојува за секој клиент да одговори најповолно према неговите барања од РСА, како и да му овозможи пристап до сите информации поврзани со нови производи, услуги, промоции и цени понудени на www.aviokarti.com.mk
5. Воедно Ариес доо ќе ги известува своите клиенти за сите промотивни кампањи организирани од www.aries.com.mk
6. Корисниците во секој момент имаат можност да побараат да бидат изземени од базата на податоци на Ариес доо со испраќање на e-mail на nikola@aviokarti.com.mk
7. Со оглед на тоа, со прифаќањето на условите на патување, Корисникот гарантира дека податоците дадени во формуларите се точни , но воедно има пристап до самата база на податоци каде своите податоци може и да ги измени по потреба.


5. Процес на резервирање, купување на авионската карта, начин на плаќање и достава

А. Пребарување
Корисникот се информира за резервацијата со одбирање на лет од понудената листа, како и со пополнување на прашалникот за лични податоци
Б. Резервирање и потврда на цена
Корисникот добива потврда за бараната резервација на неговата е-мајл адреса. Потврдата ги содржи следните податоци: број на резервација(ПНР), информација за избраната рута (летови, времиња итн), вкупната цена на чинење на авионската карта, како и начинот на плаќање и достава на истата.
Комплетирање на резервацијата до крај е обврска при купување на авиокартата
Цената на авионската карта може да биде во Евра во денарска противвредност по легалниот банкарски курс на денот на купувањето. Вкупната цена на авиокартата содржи: тарифа (према класата на услугата), аеродромски такси, како и агенциски надоместок за издавање на картата и надоместок за достава (доколку е потребно)
В. Набавка на авионската карта
1, Корисникот може да изврши набавка на авионската карта доколку потврди дека навел точни податоци во Резервациониот систем. Пред купувањето на истата е должен да го прочита условите во правилникот, како и истите да ги разбере и прифати.
2, Разбирајки ги условите на тарифата дадени од авиокомпанијата ќе му помогне правилно да одбере најповолна варијанта за него, према неговите желби и намери како и можноста за промени и откажувања.
3, Со цел да се добие најниска цена за најголемиот број на летови низ Европа, препорачливо е да резервацијата е направена барем 2 седмици пред планираното патување.
4, Најниските тарифи се секогаш поврзани со таканареченото -правило на Недела. Кога се набавува таква авиокарта, треба да се запомни дека враќањето(повратниот дел од патувањето) мора да биде најмалку во најблиската Недела која доаѓа од датумот на заминување. Поаѓањето и доаѓањето во никој случај не може да биде во истиот ден.
5, Ако моменталната можна цена прилично се разликува со очекуваната, можно е да во бараниот ден нема слободни места на поефтините класи, па се препорачува да се променат датумите доколку за тоа постои можност.
6, Кога се патува вон Европа, треба да си има во предвид дека цената зависи и од сезоната во која се планира патувањето
7, По добивањето на барањето за резервација Ариес доо може да го контактира Клиентот заради проверка на дадените лични податоци како и потврда на условите и цената на картата. Доколку е невозможно да се оствари контакт со корисникот, Ариес доо не сноси никаква одговорност и картата се издаде према одбраната опција.

Г. Начин на плаќање
Ние во овој момент прифаќаме 3 начини на плаќање за авионските карти набавени преку www.aviokarti.com.mk

• со кредитни картички (услугата во моментот не е возможна)
• Трансфер на пари
• Во готово на секој шалтер на ТТК Банка Скопје или Стопанска Банка АД Скопје, лоцирани во Македонија, или банкарски трансфер од сметка на сметка претходно дадена од Ариес доо (како најлесен и најдобар начина за вршење на уплатата)
• Плаќање во готово во претходно посочена канцеларија-агенција од Ариес доо, лоцирана во Македонија, како и нашите партнери во земјата и странство
( Европа, САД, Австралија итн)
Корисникот го одбира начинот на плаќање при пополнување на формуларот на РСА.
Авиокартите од ниско тарифните компании сеуште не е можно да се набавуваат преку ситемот, но во најскоро време и таа услуга ќе може да се користи.
Плаќањата преку трансфер на пари единствено се можни за авиокарти резервирани на www.aviokarti.com.mk најмалку 7 дена пред започнување на патувањето. При одбирање на трансфер методата на плаќање, Корисникот е обврзан да плаќањето се изврши најкасно 24 часа по резервацијата.

Плаќањата во готово и преку банка се прават на следната наша сметка:
Ариес ДОО, Далматинска 6, 7000 Битола, Македонија
290200000010032 ТТК банка АД Скопје фил.Битола
При плаќање задолжително мора да се наведе името и презимето на Корисникот (Патникот), како и резервациониот број (ПНР). Авионските карти направени преку Резервациониот Систем ќе бидат издадени само после целосната уплата на договорената сума на нашата сметка.

ВНИМАНИЕ! Авиокомпаниите дозволуваат издавање на вионските карти во рок од 72 часа од резервацијата, дури пак некои авиокомпании единствено дозволуваат издавање на картите во рок од 24 часа по резервирањето за некои специјални тарифи. Прекорачувајки ги овие рокови имплицира откажување на резервациите. Ариес доо не сноси никаква одговорност за откажувањата во ваквите случаи при доцнење на уплатата.
Д. Врста на авионската карта
Ариес доо ја задржува можноста за промена на врстата на авионската карта од хартиена во електронска, во случај кога тоа е дозволено и резервациониот систем ја дава таа можност

Е. Доставување на електронската авионска карта
Електронските авиокарти набавени преку www.aviokarti.com.mk се доставуваат на е-мајл адресата наведена во резервациониот систем од страна на Корисникот

Ж. Доставување на хартиена авионска карта
Ариес доо врши достава на хартиените авионски карти набавени преку www.aviokarti.com.mk, по следниот временски интервал:
а. 2 работни дена во границите на Македонија
б. 5 работни дена во границите на Европа
в. 7 работни дена вон Европските граници
1. Авиокартите набавени преку www.aviokarti.com.mk, се доставуваат во затворен коверт на поштенската адреса на која Корисникот ја навел во образецот доколку поинаку не биде договорено
2. Доставувањето на авионските карти се врши со Македонски пошти, Карго експрес или DHL пo специфичните услови дадени од секоја од нив
3. Доставувањето вон границите на Македонија се врши преку Македонски пошти или DHL пак по специфичните услови дадени од секоја од нив
4. Кога Корисникот ја нарачува картата на дадената адреса значи дека ги прифаќа условите на достава на поштенската компанија

З. Промени и откажувања на резервацијата од страна на авиокомпанијата
Ариес доо не превзема никаква одговорност за доколку резервацијата биде променета или сторнирана од страна на авиокомпанијата заради непредвидени услови. За секоја измена или информација која претрпува резервацијата од страна на авиокомпанијата, персоналот на Ариес доо ќе ги испрати на е-мејлот на Корисникот наведен во формуларот или ќе биде известен на наведениот телефонски број за контакт.

К. Откажување на авионската карта
Корисникот може да ја врати авионската карта набавена преку www.aviokarti.com.mk доколку за тоа постојат услови према условите на тарифата на авиокомпанијата од која е набавена и доколку буде вратена во Ариес доо пред денот на патувањето. Кога авионската карта се враќа мора да се знае дека ќе има казнени задршки на парични средства (пенали), која е дефинирана од самата авиокомпанијата и условите на тарифата, па кај некои тарифи достигнува дури 80% од цената.
Некои промотивни тарифи воопшто не дозволуваат промена или рефундација на авиокартите, па и загуба на сите уплатени средства.
Авинската карта која треба да се врати мора да биде испратена на адресата на Ариес доо Далматинска 6, 7000 Битола, Македонија.
Поштенските трошоци за враќањето на картата ќе бидат задржани од сумата на картата и таа треба да биде испратена со повисоко ниво на сигурност односно препорачано. Во зависност од начинот на уплатените средства зависи и начинот на повраток на истите и тоа во рок од 30 дена по враќањето на картата.
Л. Промотивни тарифи - ограничени можности
Некои промотивни тарифи достапни во Резервациониот систем на www.aviokarti.com.mk се со посебни услови зададени од авиокомпанијата, како резервација и издавање на авиокартата 7 или 14 дена пред почетокот на патувањето, па Ариес доо го задржува правото да ја откаже резервацијата при неисполнување на зададените строги услови од авиокомпанијата.

Ј. Жалби и Рефундации
Секоја жалба и примедба поврзана со резервацијата и издадената авионска карта мора да биде најкасно во рок од 8 дена по издавањето на картата, со пропратно писмо како и уредно вратената авионска карта. Сите жалби и примедби после рокот од 8 дена по издавањето на авинската карта се сметаат за неосновани.
Ариес доо ќе го информира Корисникот за прифаќањето на жалбата добиена во писмена форма во рок од 3 дена по приемот, како за времетраењето на донесувањето на одлуката така и за висината на рефундираната сума доколку е тоа можно.
М. Крајни провизии
Ариес доо го задржува правото за откажување на резервацијата заради неисполнување на некои услови без претходна најава како што е:
- Ариес доо го задржува правото за еднострана промена на правилникот без претходна најава
- Секој Корисник има обрска да правилникот детално го прочита и прифати пред набавката на авионските карти
- Во не регулиран случај со Законот
- Ариес доо не превзема никаква одговорност доколку Корисникот претрпи штета заради штрајк од страна на вработените во авиокомпаниите или аеродромите или друга виша сила.
ВАЖНО!
Ариес доо не превзема никаква одговорност во случај на штета на Корисникот заради некомплетни патни документи, како валеден пасош, виза или други документи кои треба да ги поседува патникот за планирато патување. За сите неопходни документи Корисниците можат да се информираат во Министерствата за Надвореши и Внатрешни работи на Република Македонија, како и да добијат одредени совети во нашите канцеларии – но никако не е обврска на Ариес доо.

 

Формулар ѕа добивање на информации

     Information form

  Селектирајте што е Вашиот интерес:

  Select your point of interest:

Name/Ime

Interesting

about/Vas interes

City/Grad

Country/Zemja

 Phone/Telefon

E-mail

URL

                    


 

 

 Plan and book | Your reservations | Special Offers and promotions |

| Business Services | Travel agents | Terms and conditions | About us

 

 AirFrance AlItalia Austrian BritishAirways Cathay Pacific Germanwings Continental Csa Delta AeroSfitAirCanada KLM LOT LTU LufthansaMalev SAS SWISS MAT Adria CROATIA

aviokarti,aviokarti,aviokarti,avionski,avion,avionski,savana,savana,savana,aerodrom,aleksandar veliki,skopje,solun,petrovec,eftini,karti,karti,karti,aries,

mat,mat,jat,malev,malev,malev,austrian,austrian,croatia,croatia,chech,czech,airlines,airlines,airways,air,air